|
Столниот
тенис или ако повеќе сакате
пинг-понгот е спорт кој има
сознанија дека на
територијата на Република
Македонија се играл и пред
Втората светска војна. Но, оној
правиот по сите спортски
правила и организиран во лига
натпреварувања се појавил
веднаш по Војната. Првите
официјални настапи на
македонските пинг-понгари
датираат од 1947 година. Имено,
таа година организирани се
спортски пинг-понг секции во
повеќе градови во Републиката
- Скопје, Тетово и Прилеп. Таква
секција е формирана во рамките
на Синдикалното спортско
друштво “Работнички“.
Основачи на пинг-понгарската
секција - Клубот и негови први
активни играчи се Бошко Бошков,
Боро Настев, браќата Живко и
Дарко Матејевиќ и Милорад
Паневски. Веќе на Првото
републичко пинг-понгарско
првенство во 1947 година пинг-понгарите
на “Работнички“ се
републички прваци. До 1962
година пинг-понгарите на “Работнички“
ќе станат републички прваци
уште девет пати.
Во периодот до 60-те години
секако клубските пинг-понг
активности ги одбележале
имињата на Матијевиќ,
Вукосављевиќ, Крстиќ,
Митровски, Никодинов,
Миладиновиќ… Секако, пинг-понгот
го играле и девојките кои не
биле ништо послаби од машката
екипа на “Работнички“.
Напротив, Брајковиќ и
Булатовиќ во периодот од 1950 -
1957 година буквално жареле на
сите републички првенства.
Но, како што обично било во тие
60-ти години, како и во сите
други спортови, во рамките на
Железничкото спортско друштво
“Работнички“ доаѓа до смена
на генерации. На спортската
пинг-понгарска сцена во
Републиката се појавуваат
Стефановски, Атанасовски,
Николиќ, Стериовски кои со
Миладиновиќ и Никодинов и во
тие 60-ти години ќе го одржат “Работнички“
на врвните пинг-понгарски
позиции во Републиката.
Во 70-те години доаѓа до
неизбежно појавување на еден
спортски вакуум простор.
Впрочем, секојпат после една
плодна повеќегодишна работа
проследена со смена на
генерација можат да се случат
вакви паѓања во спортскиот
подем на еден клуб. Но, се
појавува новото - старо име на
пинг-понгарот на “Работнички“,
но сега како тренер, Ѓорѓи
Митревски кој околу себе ќе
собере една нова надежна
генерација на пинг-понгари. Во
тоа време најдено е и идеално
решение за тренинг во една од
просториите на “Домот за
младите“ во Скопје и
резултатите не изостанаа. Се
создава нова генерација на
пинг-понгари која е предводена
од Фидановски, Кондев, Панков,
Трпчевски, Гаџовски, Митевски.
Денес пинг-понгарите на “Работнички“
своите тренинзи ги одржуваат
во малата сала на СРЦ “Кале“. |