|
Железничко
Планинарскиот Клуб “Работнички -
Китка“, како планинарско друштво
е формиран на 11.10.1964 година, од
страна на учениците на ЖУЦ “Владо
Тасевски“ на планината Китка.
Клубот има свој дом на
Железничката станица “Тајмиште“,
кој моментално располага со 36
кревети, 3 кујни, 4 купатила, струја,
вода и телефон (045/37676). Домот се
наоѓа на планината Бистра, на 915
метри надморска височина. До него
се доаѓа со воз до железничката
станица Зајас, или по
магистралниот пат Скопје - Кичево
со автомобил или автобус. Секоја
соба во домот е опремена со печка
на дрва, купатило со топла вода,
додека кујните се со електрична
печка и фрижидер. Во домот има и
соба за дневен престој, со камин.
Претседател на Клубот а Игор
Заљасов (тел. 02/382117), а секретар
Бошко Талевски (тел. 02/342010).
Редовните состаноци Клубот ги
одржува секој вторник (освен
празник) во салата на
железничката станица во Скопје,
со почеток во 19.00 часот. Годишна
членарина изнесува: за возрасни 150
денари, за ученици и младинци 100
денари.
Едно ноќевање во домот на ЖПК “Работнички
- Китка“ кој се наоѓа во Тајмиште,
за членовите на клубот и
друштвото изнесува 80 денари, за
сите вработени во железница кои
поседуваат режиј карта изнесува
100 денари, и за сите останати 150
денари.
|

поглед на
домот
|

Игор Заљесов
претседател
на клубот |

Бошко
Талевски
секретар
|
|

Стевче
Чубриновски
член-постар
|

Билјана
Христовска
млад член
|

Бојан Лакс
млад член
|

Снежана Лакс
постар член
|
|
|