Првата машка и женска екипа на
Одбојкарскиот Клуб “Работнички
Фершпед“, тренинзите ги
одржуваат во салата во
Градскиот парк во Скопје.
Термините на машката екипа се
секој ден, предпладне од 9.00
часот, а попладне од 17.00 часот,
додека термините на женската
екипа се предпладне во 12.00
часот во салата во Градскиот
парк, а попладне во 19.30 часот во
салата на ОУ “Владо Тасевски“.
Во склоп на Одбојкарскиот Клуб
“Работнички Фершпед“ работи
и младинската школа за
одбојкари и одбојкарки. Тренер
на женската младинска школа е
Емилија Мојсовска, а на
машката Драган Весовски.
Термините за тренинг на
младинската школа се секој
работен ден од 18.00 до 22.00 часот,
во ОУ “Блаже Конески“ (населба
Острово). Зачленувањето во
младинската школа е бесплатно.
За сите подетални информации
може да се јавите во
Одбојкарскиот Клуб “Работнички
Фершпед“ на тел. 02/3132-119 или
3228-712, или да пишете на e-mail:
volleyball@zsdrabotnicki.com.mk
|