|
Современото
- спортско мечување на
просторот на Републиката за
прв пат е регистрирано во 1911
година кога во рамките на
Спортинг клубот “Скопје“ е
формирана и мечувалската
секција. Во периодот меѓу
двете војни мечувањето
егзистира во рамките на
тогашните гимнастичарски
друштва. Мечувањето во
Република Македонија е спорт
кој единствено егзистира
преку спортските активности
на Мечувалскиот клуб “Работнички“,
и од 1991 год. Мечувалскиот клуб
“Вардар“. Во годините по
војната повеќекратно се
правени напори мечот, сабјата
и флоретот да најдат свои
заљубеници и во Републиката,
но се` до 1950 година тоа се
сведувало на неуспешни
размисли или обиди. Во таа 1950
година загребчанецот Звонко
Котник (Вукмановиќ) доаѓа на
студии во Скопје. Н а негова
иницијатива побарана е помош
од Мечувалскиот сојуз на
Југославија, кога доаѓа
тренерот Радослав Фабијаниќ.
Организирана е 15 дневна школа
во Дебар Маало со 60-тина
слушатели и на 26 ноември
истата година формиран е
Мечувалскиот клуб. Неговото
име било “Работнички“, а и што
може да се очекува ако
тренинзите се одржувале во
скопското Дебар Маало. По
заминувањето на Фабијаниќ,
стручната работа во клубот ја
превзеле Драгољуб Николовски
и Бранко Радовановиќ
специјализирајќи се за сабја и
флорет. Во креирањето на
активноста и тренерската
работа во клубот подоцна се
вклучил и Владимир Шуманов.
Први натпреварувачи за
екипата на “Работнички“ биле:
во флорет - Перковски,
Богоевски и Вукамновиќ; во
сабја Ципушев, Милевски и
Радовановиќ и во меч -
Вучидолов, Богоевски и
Вукмановиќ. Веќе во 1957 година
настапува смена на генерации и
со новиот тренер Шуманов, на
спортската арена ќе се најдат
Ристевски (Јанковски),
Анастасов, Ивановски,
Тримовски…Тандемот Ристевски
и Анастасов долго време ќе
остане во мечувалскиот спорт и
за “Работнички“ ќе освои
многу одличја. Поради немањето
конкуренција во Мкедонија “Работнички“
е предодреден да се
натпреварува на сојузни
турнири и шампионати
организирани во некогашна
Југославија, односно своите
противници да ги бара на
меѓународна сцена. Во 1974 и 1975
година “Работнички“ е
сојузен првак во сениорска и
младинска конкуренција, пред
се благодарејќи на Кирил
Ристевски и Славе Анастасов.
Се создаде и нова генерација
на мечувалци во имињата на
браќата Зоран и Андреја
Стојановиќ, односно Марјан и
Томи Александровски.
Најтрофјни поединци, кои на
одреден начин и го одбележале
македонското мечување се
Зоран Стојановиќ, Александар
Анастасов, Марјан и Томи
Александровски, Кирил
Ристевски…
Кога говориме за традицијата
неодминливо со “Работнички“
се врзани две нешта -
традиционалниот мечувалски
Турнир на солидарноста и
секако еден од неговите творци
- Владимир Шуманов,
натпреварувач, тренер,
меѓународен судија и спортски
функционер. |