ВЕСТИ


10 Февруари/2002

Бугаринот Никола Илиев и Југословенката Азра Еминовиќ се победници на Вториот традиционален меѓународен атлетски крос “Методија Веновски - Мето“, кој денес се одржа на кејот на реката Вардар, од мостот “Обединети нации“ до мостот кај Забавниот парк. Второто место кај мажите, кои трчаа на патеката долга 5000 метри, беше Југословенот Един Зуковиќ, а трет беше македонскиот атлетичар, член на АК “Работнички“ Дане Јакимовски. Кај жените, кои трчаа на патека долга 3000 метри, втора беше Бугарката Петранка Христова, а трета македонската атлетичарка, членка на АК “Работнички“, Даниела Кулеска. 
Беа одржани уште три трки, кликни тука за повеќе информации.

28 Јануари/2002

Дејан Ангеловски во машка и Даниела Кулеска се победници женска конкуренција се прогласени за најдобри атлетичари на АК Работнички во 2001 година, во изборот на ЖСД Работнички, кој денес се одржа во клубот “Маракана“

10 Ноември/2001

Во сабота (10 ноември) со почеток во 11.00 часот се одржа атлетската рекреативна трка по повод “13 Ноември“, под мотото “Да се истрча или изоди 3 километри - да се дружиме“, во организација на Атлетскиот Клуб “Работнички“ во соработка со Сојузот на спортови на град Скопје.
Се трчаше на патеката од Хотелот “Александар Палас“ до Камениот мост, на плоштад Македонија, долга 3000 метри. Кај мажите победи Дане Јакимовски член на АК Работнички, а кај жените Даниела Кулеска исто така членка на АК Работнички. Во категоријата ветерани над 50 години наградата му припадна на Ристо Љапчев, претседател на АК Работнички. На стартот се појавија над 100 натпреварувачи.

06 Мај/2001

Атлетичарите на Работнички имаа успешен настап на меѓународниот митинг во Сента (СРЈ). Дане јакимовски го освои првото место во трката на 3.000 метри со нов личен рекорд од 8:33.50 минути. Даниела Кулеска во трката на 800 метри го освои второто место со резултат од 2:16.76 минути, додека Дејан Ангеловски во дисциплината фрлање копје беше трети со резултат од 65,15 метри.

03 Мај/2001

Атлетичарката на АК “Работнички“ и државна репрезентативка, Весна Чадиковска на натпреварот ви Хисдејл, Универзитет - Мичиген (САД), на 28 април го подобри личниот и државен рекорд во дисциплината фрлање ѓуле за 29 см., кој сега изнесува 14,39 метри. Во моментов Чадиковска се наоѓа на првото место на листата на Средната Американска Конференција, и во финалето кое ќе се одржи на крајот на месецов ќе води главен збор во битката за освојување на првото место. На истиот натпревар Чадиковска за прв пат во историјата на македонската женска атлетика фрлаше кладиво и постигна резултат од 36,20 метри. Следниот натпревар од кој се очекуваат уште подобри резултати, Чадиковска ќе го има на 5-ти мај на митингот Џеси Овенс во Ен Арбор-Мичиген.

20 Април/2001

Атлетичарите Дане Јакимовски и Даниела Кулеска на 25 април ќе настапат на меѓународен крос натпревар, кој ќе се одржи во Приједор (СРЈ)

01 Април/2001

На 31.03.2001 год. во Срем - Инџија (СРЈ) се одржа традиционален 20-ти по ред меѓународен отворен крос. На овој натпревар учествуваа и атлетичари од А.К. Работнички. Дане Јакимовски оствраи најдобар пласман, освојувајќи го II-то место во категоријата младинци на патеката од 6.000 метри. Даниела Кулеска во трката на 3.500 м. за сениорки го освои V-то место, додека Јулијана Стојковска го завзема истото место во дисциплината 3.500 м. за младинки.

20 Јуни
На 18 јуни по 12 пат во Болоња (Италија) се одржа Универзитетскиот Митинг “Алма Матер Студиорум“ на кој оваа година земаа учество и атлетичари од Македонија. Атлетичарката на Работнички на овој митинг го собори државниот рекорд на 1500 м. кој беше во нејзина сопственост, а го постави пред десетина дена на финалето на Купот на Македонија. Кулеска беше трета на 1500 м. , а новиот рекорд изнесува 4:29.02. На овој митинг настапи и Дејан Ангеловски (АК Работнички) и го освои второто место во фрлање копје со резултат од 72,71 . Атлетичарот Ване Стојанов го освои првото место на патеката од 800 м. со резултат 1:48.18 , само 2 стотинки послаб од државниот рекорд, а атлетичарката Александра Војнеска беше втора на патеката од 100 м. со резултат од 12.60 сек..
 
12 Јуни
На финалето на Младинскиот Куп на Македонија , атлетичарката на Работнички постави нов апсолутен државен рекорд во дисциплината на 1500 м. со резултат од 4:31.82 , предтходниот рекорд исто така беше во сопственост на Кулеска поставен во 1998 год. во Белград. На ова натпреварување беа поставени уште два рекорда во младинска конкуренција, Ивана Јосифовска (ПАК 7-ми Мај) во дисциплината 400 м. со пречки го собори рекордот на Л.Цимовска од 1994 год. истрчувајќи ја оваа патека со резултат од 1:09.60 , а Васко Најдов (АК Тиквеш) го собори рекордот на Н.Маџаровски од 1980 год. фрлајќи го ѓулето на далечина од 14,45 м.

Еве го и конечниот пласман на екипите :
младинци
1. АК Работнички      86 бода
2. ПАК 7 Мај             64,5 бода
3 АК Охрид               36,5 бода

младинки
1. ПАК 7 Мај             73,5 бода
2. АК Работнички      49 бода
3. АК 3-Ноември       44,5 бода

 
06 Јуни
На отворено првенство во Бугарија репрезентативецот на Македонија, Ване Стојанов го собори сопствениот и државниот рекорд на 800 м. трчајќи во време од 1:48.16 , претходниот рекорд Стојанов го постави во 98 год. во Будимпешта, 1:49.00 . На истиот натпревар настапи и екипа на АК Работнички. Дејан Ангеловски во копјето го фрли на далечина од 72,80 м. , а јуниорот Александар Георгиевски копјето го фрли 58,20 . Рекордерот на 100 м. ,Мартин Крајчевски патеката ја истрча за 11.15 секунди. Во скок во далечина Тони Дамчевски постигна резултат од 6,86 м. За обележување се и резултатите на атлетичарката на ПАК “7-ми Мај“, Александра Војнеска , 100 м. – 12.56 , 200 м. – 24.9 (мерено рачно) , 400 м. – 58.48 .
 
01 Јуни
Атлетичарите на АК Работнички : Дејан Ангеловски (копје), Мартин Крајчевски (100 м.), Крунислав Божиновски (100 м.), Александар Ѓеорѓиевски (копје) и Тони Дамчевски (скок во далечина), ќе настапат на атлетски митин во Софија, Бугарија, на 03 јуни.
 
18 Мај
Мартин Крајчевски е првиот македонски атлетичар кој патеката од 100 м. ја истрчал испод 11 секунди. На митингот “Нови ѕвезди“, кој се одржа во Софија на 17.05.2000 година, Мартин истрча 100 м. за 10.93 (IV место), со што го собори македонскиот рекорд стар само 4 дена. Претходниот рекорд (11.01) беше исто во сопственост на Мартин Крајчевски поставен на 13.05.2000 година во Скопје.Во истата дисциплина настапија и следниве атлетичари : Горан Мишевски (11.15), Крунислав Божиновски (11.17), Дејан Спасов (11.46), Ненад Стојановски (11.54) и Зоран Јосифовски (11.62). Дејан Ангеловски го освои првото место во фрлање копје со најдобар резултат постигнат оваа година 73.94 м. , Ване Стојанов беше прв на 800 м. со резултат од 1:50.58 , а Дејан Талевски се пласира на третото место на 800 м. .Драган Стојчевски истрча 400 м. за 51.43 , Тони Дамчевски во скок во далечина скокна 6.93 м. , а Александра Војнеска на 100 м. постигна резултат од 12.60 секунди.
 
16 Мај
Атлетската репрезентација на Македонија во среда (17.05) ќе настапи на митингот “Нови ѕвезди“ во Софија, Бугарија. Во составот на репрезентација се наоѓаат следниве атлетичари : Дејан Ангеловски (копје), Даниела Кулеска (800 м.), Мартин Крајчевски (100 м.), Горан Мишевски (200 м./400 м.), Тони Дамчевски (скок во далечина) и Александра Војнеска (100 м./400 м.).
 
15 Мај
Весна Чадиковска , член на Работнички и репрезентативка на Македонија, продолжува со одлични настапи во Соединетите Американски Држави. На натпреварот на Универзитетот “Ен Арбур“ – Чикаго, ѓулето го фрли на далечина од 14,10 м. со што го подобри македонскиот рекорд, кој го постави пред само една недела. (резултати)
 
13 Мај
Репрезентативецот на Македонија, Мартин Крајчевски (моментално без клуб), на младинскиот натпревар кој се одржа на Градскиот Стадион во Скопје, во трката на 100 м. за сениори (која што се одржа вон конкуренција), го собори 18 години стариот сениорски рекорд, истрчувајќи ја патеката за 11,01 секунда. Стариот рекорд беше во сопственост на Сокол Сачевски, а изнесуваше 11,07 секунди.
 
8 Мај
На митингот организиран на Централниот Мичиген Универзитет во градот Mt.Pleasant (САД) на 5-ти мај, атлетичарката на АК Работнички и репрезентативка на Македонија Весна Чадиковска која се наоѓа на студии во САД, го освои второто место во дисциплината фрлање ѓуле и го подобри сопствениот и државен рекорд на отворени терени за 17 сантиметри, кој сега изнесува 13,90 м. .
 
8 Мај
Одличен настап на атлетичарите на АК Работнички на меѓународниот атлетски митинг во Сента (СРЈ). Олимпискиот кандидат за Олимписките Игри во Сиднеј, Дејан Ангеловски, го освои првото место во дисциплината фрлање копје со за него скромен резултат од 70,37 м. Даниела Кулеска после малата пауза се врати со одличен резултат на патеката од 800 м. освојувајќи го 3-то место со резултат 2:15,34 , а Дејан Талевски во дисциплината 1.000 м. го освои 8-то место со резултат од 2:34,07.
 
7 Мај
На Светскиот ден на атлетиката, кој кај нас се одржа на 6 мај наместо на 7 мај (како што беше во целиот свет), настапија околу 70 атлетичари од 14 клубови од републиката. За најуспешна атлетичарка беше прогласена Александра Војнеска (од 7 Мај) која освои две први места, во дисциплините 100 м. и 400 м. . Најуспешен атлетичар од АК Работнички на овој натпревар беше фрлачот на копје Александар Ѓеорѓиевски, кој го освои првото место со резултат од 57,50 м. (резултати)
 
05 Мај
Светскиот ден на атлетиката ќе се одбележи и кај нас со атлетски митинг за младинци до 19 год., кој ќе се одржи на Градскиот Стадион во Скопје во сабота (6 мај) со почеток во 11 часот. Се очекува да учествуваат атлетичари од сите клубови од републикава, а ќе настапат во следниве дисциплини : 100 м, 400 м, 1500 м, скок во далечина, фрлање копје и фрлање ѓуле. Инаку Светската Атлетска Аматерска Федерација (IAAF) за прв пат овој ден го организираше во 1996 год. а учество земаа 164 земји од целиот свет, оваа година учество најавија 150 земји, а од најдобрите од сите земји по случаен избор од секој континент ќе бидат избрани по 2 атлетичари кои ќе присуствуваат како гости на Светското првенство во атлетика што ќе се одржи во август 2001 година, во Едмонтон (Канада). Инаку овој ден според IAAF треба да се одржи на 7 мај, а не на 6 мај, како што тоа ќе го стори  Атлетскиот Сојуз на Македонија. (подетални информации на страната на IAAF)
 
04 Мај
Весна Чадиковска која се наоѓа на студии во Соединетите Американски Држави,на Еастерн Мичиген Универзитетот, на 27 и 28 Мај настапи на натпреварот на Ајова Уневирзитетот. Во дисциплината копје Весна го освои IV место со резултат од 44,58 м. а ѓулето го фрли на далечина од 13,14 м.
 
03 Мај
Атлетичарите на АК “Работнички“, Дејан Ангеловски (копје), Даниела Кулеска (800 м.) и Дејан Талески (1000 м. или 3000 м.), ќе учествуваат на меѓународниот атлетски митинг во Сента (Сојузна Република Југославија), кој ќе се одржи на 6 Мај.
 
24 Април
На 22 Април во Софија се одржа натпревар во фрлачки дисциплини на кои настапија скоро сите квалитетни натпреварувачи од балканските простори меѓу кои и нашиот рекордер во фрлање копје Дејан Ангеловски, кој го освои првото место во оваа дисциплина со резултат од 71,90 метри. Со ова Дејан Ангеловски најавува дека полека влегува во потребната форма за исполнувањето на Олимписката норма. Наредниот натпревар на Дејан ќе биде на 6 мај на меѓународниот атлетски митинг во Сента (СРЈ).
 
20 Април
Македонскиот рекордер на фрлање копје, Дејан Ангеловски на 22 Април ќе се натпреварува на меѓународниот атлетски митинг во Софија (Бугарија). Со овој натпревар Дејан ќе ја започне "трката" по олимписката норма (77,50 м.) за олимпијадата во Сиднеј која ќе се одржи во месец септември 2000 година.
 
17 Април
Членката на АК “Работнички“ и репрезентативка на Македонија Весна Чадиковска, која се наоѓа на школување во Соединетите Американски Држави, на митингот на Универзитетот во Тенеси одржан на 14 и 15.04.2000 год. Го подобри својот и Македонскиот рекорд во дисциплината фрлање ѓуле на отворени терени за 41 cm. Фрлајќи го ѓулето 13,73 m. (поранешниот рекорд беше 13,32 m.). На истиот натпревар таа го фрли копјето на должина од 44,12 cm.
 
14 Април
Со отворениот митинг на Атлетскиот Клуб Работнички, кој се одржа на градскиот стадион во Скопје на 14 Април, започна овогодишната атлетска сезона во Македонија. На натпреварот настапија преку 30 атлетичари од АК “Работнички“ и ПАК “7-ми Мај“ и беа постигнати солидни резултати. Најдобар настап имаше Дејан Ангеловски кој на својот прв натпревар сезонава постигна добар резултат, фрлајќи го копјето на далечина од 68,05 m. (резултати од натпреварот)