»
Успешно реализирани припреми во Отешево
Атлетскиот
клуб “Работнички” од Скопје оваа година подготовките на своите
атлетичари кои се спремаат за настапи на повеќе кросови, а дел
од нив и за настапи на затворено односно во сала, ги спроведе во
Отешево на брегот на Преспанското езеро.
На подготовките беа повикани 11 атлетичари и
еден
тренер. Од повиканите атлетичари на денот на
поаѓањето се појавија само 8 од нив. Атлетичарите Дејан
Ангеловски и Александра Војнеска поради обврски кон
репрезентацијата а Александар Кираџиев поради презафатеност со
факултетот беа оправдано отсутни.
Останатите осум атлетичари: Ивана Јосифовска, Наум Капрически,
Томе Попчевалиев, Филип Митревски, Филип Кметовски, Мики
Петровски, Енвер Шаипи и Мартин Нуцоски патуваа под стручно
водство на тренерот Војнески Крсте.
Подготовките се одржаа од 11 – 20 Јануари 2006 година.
Атлетичарите беа сместени во центарот за рехабилитација на
респираторно болни лица, каде благодарение на разбирањето на
директорот се помина во најдобар ред.
Самото место Отешево кое се наоѓа во Националниот парк Галичица
изобилува со терени од секаков вид што посебно им одговараа на
атлетичарите кои се спремаа за крос натпреварите. Оние пак кои
се подготвуваа за настапи во сала ги имаа песочните плажи и
неколкуте тревнати и бетонски патеки. Се тренираше по два пати
на ден по сончево и студено време. Навечер атлетичарите се
релаксираа со по некоја партија пинг понг, карти, гледање
телевизија и тн.
Најбитно е тоа што по завршувањето на подготовките формата на
сите атлетичари беше во нагорна линија и сите се чувствуваа
добро, спремни за наредните натпревари.
(21.01.2006)
Фото
Галерија од припремите во Отешево
«
назад |