|
|

|
|
»
Бојан Милчевски победник на меморијалната
трка на IX меѓународен меморијален
крос “Методи Веновски - Мето“

На 11-ти април на кејот на реката Вардар, во организација на
Атлетскиот клуб
„Работнички”
во соработка со Агенцијата за млади и спорт на Р Македонија,
Атлетската федерација на Македонија и Скопскиот маратон,
се одржа 9-от
Меѓународен меморијален крос
„Методи
Веновски
-
Мето“,
во чест на
нашиот најуспешен атлетски тренер
Методи Веновски - Мето
чиј живот прерано згасна.
Победник на меморијалната трка кај мажите е Бојан Милчевски од
АК Работнички, додека кај жените во меморијалната трка првото
место и припадна на Христина Ристеска од АК 3-Ноември од Прилеп.
На кросот настапија околу 300 натпреварувачи во повеќе
категории.
Атлетскиот Клуб “Работнички“ им се забалгодарува на сите
атлетски клубови, училишта и рекреативци кои земааа учество на
овој крос.
Резултати од
IX
меморијален крос “Методија Веновски – Мето“ / 11 април 2009:
цицибани (предучилишна
возраст) 100 метри / машки
1. Горазд Конески
2. Дарон Панковски
3. Габриел Карле-Руд Костов
цицибани (предучилишна возраст) 100 метри / женски
1. Аида Саиди
2. Севим Сулејмани
3. Каљтрина Јусуфи
цицибани (предучилишна возраст) 100 метри / 1-4 одделение
1. Јасин Мустафа
2. Таип Ѓуреци
3. Адис Али
од 5 до 6
одделение / 600 метри / машки
1. Самет Фазли
2. Омер Мустафа
3. Ариф Ламалари
од 5 до 6
одделение / 600 метри / женски
1. Лела Мустафаи
2. Матеја Ефремовска
3. Зорица Спасовска
од
7 до 8
одделение /
900
метри / машки
1. Антонио Филиповски
2. Орхан Исмани
3. Владимир Мирчевски
од
7 до 8
одделение /
900
метри / женски
1. Сермедие Латифова
2. Џенета Шабани
3. Валбона Селими
средни училишта / 1200 метри / машки
1. Огнен Павловски
2. Дарко Костадинов
3. Стефан Стефановски
средни училишта / 1200 метри / женски
1. Александра Митроска
2. Симона Трајаноска
3. Атанаска Јовановска
трка за рекреативци / 600 метри / жени
1. Надица Јовановиќ
2. Светлана Богдановска
3. Светлана Јовановиќ
трка за рекреативци / 1800 метри / мажи (до 55 години)
1. Киро Стојановски
2. Јовица Стојановски
3. Ејуп Насер
трка за рекреативци / 1800 метри / мажи (над 55 години)
1. Санде Стојановски
2. Петре Андоновски
меморијална трка / 2400 метри / жени
1. Христина Ристеска (АК 3-Ноември – Прилеп)
2. Фросина Ристеска (АК 3-Ноември – Прилеп)
3. Елена Лазаревска (АК Олимп – Битола)
меморијална трка / 3000 метри / мажи
1. Бојан Милчевски (АК Работнички - Скопје)
2. Ѓорѓи Трендафилов (АК Струмица – Струмица)
3. Александар Кираџиев (АК Безбедност – Скопје)
11.04.2009
|
|
»
IX меѓународен меморијален
крос “Методи Веновски - Мето“ / 21
март 2009 11 април 2009
Заради лошите временски услови меморијалниот крос “Методи
Веновски - Мето“ е одложен за 11 април
На 21-ви
март
11 април
2009 год. Атлетскиот клуб
„Работнички”
во соработка со Агенцијата за млади и спорт на Р Македонија,
Атлетската федерација на Македонија и Скопскиот маратон го
организира 9-от
Меѓународен меморијален крос
„Методи
Веновски
-
Мето“.
Овој
традиционален
меморијален крос посветен
е
на нашиот најуспешен атлетски тренер
Методи Веновски Мето
чиј живот прерано згасна. Почитта кон него на најубав начин ќе
биде искажана ако придонесеме сите за прогресот
на атлетиката.
Програма:
10.50 - Свечено отворање
11.00
-
цицибани (предучилишна
возраст)
должина на патеката: 100 метри
11.05
-
уценици-чки од 5 до 6
одделение
должина на патеката: 600 метри
11.15
-
ученици-чки од 7 до 8
одделение
должина на патеката:
900
метри
11.25
-
средни училишта / машки-женски
должина на патеката:
1200
метри
11.40
- трка за рекреативци (до 55 и над 55 години)
должина на патеката: 1800 метри
12.00
- главна меморијална
трка
- сениорки
должина на патеката:
2400
метри
12.20
- главна меморијална
трка
-
сениори
должина на патеката: 3000 метри
12.40 - свечено прогласување на победниците
Старт/Цел:
Кеј
на реката Вардар, кај мостот во Забавниот парк
Пријавување:
Испратете пријава на емаил
akrabotnicki@afm.org.mk
Правила: Еден натпреварувач има право на учество
само на една трка
Награди:
Во сите трки првите 3 места во секоја категорија ќе бидат
наградени со медала и диплома. Во главните меморајлни трки
првите 3 места ќе бидат наградени и со парични награди:
1 место – 2000 денари
2 место – 1000 денари
3 место – 500 денари
Победникот во машката меморијална трка ќе го добие и преодниот
пехар.
|
|
|
»
VI Меморијален
крос “Методи Веновски - Мето“ / 05
март 2006
На
5-ти март 2006 година на кејот на реката Вардар, Атлетскиот Клуб
“Работнички“ во соработка со Агенцијата за млади и спорт на
Р.Македонија и Атлетската Федерација на Македонија се одржа
VI Меморијален крос “Методи
Веновски - Мето“. На прекрасни временски услови, на кросот
настапија повеќе од 200 натпреварувачи, поделени во неколку
категории.
резултати

|
|
|
»
Одржано редовно Годишно собрание на АК
Работнички / 24 јануари 2006
Атлетскиот клуб “Работнички” од Скопје
на 24 јануари 2006 година го одржа
редовното Годишно собрание во просториите на клубот, во салата
Градски Парк. На Собранието извештај за работата на клубот во
2005 година поднесе претседателот Ристо Љапчев, кој беше
прифатен од присутните на собранието. За натпреварувачкиот дел
од 2005 година извештај поднесе тренерот Крсте Војнески, а за
финансиското работење свој извештај поднесе генералниот секретар
на ЖСД Работнички, Марјан Тодоровски. Беше формиран и
организационен одбор за традиционалниот меморијален крос
“Методија Веновски - Мето“, кој ќе се одржи на 5 март 2006
година.
|
|
|
»
Успешно реализирани припреми во Отешево
/ 21
јануари 2006
Атлетскиот
клуб “Работнички” од Скопје оваа година подготовките на своите
атлетичари кои се спремаат за настапи на повеќе кросови, а дел
од нив и за настапи на затворено односно во сала, ги спроведе во
Отешево на брегот на Преспанското езеро.
На подготовките беа повикани 11 атлетичари и
еден
тренер. Од повиканите атлетичари на денот на
поаѓањето се појавија само 8 од нив. Атлетичарите Дејан
Ангеловски и Александра Војнеска поради обврски кон
репрезентацијата а Александар Кираџиев поради презафатеност со
факултетот беа оправдано отсутни.
Останатите осум атлетичари: Ивана Јосифовска, Наум Капрически,
Томе Попчевалиев, Филип Митревски, Филип Кметовски, Мики
Петровски, Енвер Шаипи и Мартин Нуцоски патуваа под стручно
водство на тренерот Војнески Крсте.
повеќе

|
|
|
|
|