Ж.А.К. Работнички

историја       инфо       атлетичари       календар       резултати       рекорди       линкови      контакт

 

Zeleznicko Sportsko Drustvo "Rabotnicki"


   
Kliknete tuka za najnovite atletski vesti

» VI Меморијален крос “Методи Веновски - Мето“ / 05 март 2006
На 5-ти март 2006 година на кејот на реката Вардар, Атлетскиот Клуб “Работнички“ во соработка со Агенцијата за млади и спорт на Р.Македонија и Атлетската Федерација на Македонија се одржа VI Меморијален крос “Методи Веновски - Мето“. На прекрасни временски услови, на кросот настапија повеќе од 200 натпреварувачи, поделени во неколку категории. резултати
 


» Одржано редовно Годишно собрание на АК Работнички / 24 јануари 2006
Атлетскиот клуб “Работнички” од Скопје на 24 јануари 2006 година го одржа редовното Годишно собрание во просториите на клубот, во салата Градски Парк. На Собранието извештај за работата на клубот во 2005 година поднесе претседателот Ристо Љапчев, кој беше прифатен од присутните на собранието. За натпреварувачкиот дел од 2005 година извештај поднесе тренерот Крсте Војнески, а за финансиското работење свој извештај поднесе генералниот секретар на ЖСД Работнички, Марјан Тодоровски. Беше формиран и организационен одбор за традиционалниот меморијален крос “Методија Веновски - Мето“, кој ќе се одржи на 5 март 2006 година.
 


» Успешно реализирани припреми во Отешево / 21 јануари 2006
Атлетскиот клуб “Работнички” од Скопје оваа година подготовките на своите атлетичари кои се спремаат за настапи на повеќе кросови, а дел од нив и за настапи на затворено односно во сала, ги спроведе во Отешево на брегот на Преспанското езеро.
На подготовките беа повикани 11 атлетичари и
еден тренер. Од повиканите атлетичари на денот на поаѓањето се појавија само 8 од нив. Атлетичарите Дејан Ангеловски и Александра Војнеска поради обврски кон репрезентацијата а Александар Кираџиев поради презафатеност со факултетот беа оправдано отсутни.
Останатите осум атлетичари: Ивана Јосифовска, Наум Капрически, Томе Попчевалиев, Филип Митревски, Филип Кметовски, Мики Петровски, Енвер Шаипи и Мартин Нуцоски патуваа под стручно водство на тренерот Војнески Крсте. повеќе
 


atletika@zsdrabotnicki.com.mk

Овие страници најдобро се гледаат со Internet Explorer
Design –
Makweb Studio